дома КОВИД-19 (Коронавирус) Австpaлиja пo peчиcи 600 дeнa ги oтвopи гpaницитe

Австpaлиja пo peчиcи 600 дeнa ги oтвopи гpaницитe

Австралија денеска ги отвори своите граници, по речиси 600 дена откако беа затворени поради пандемијата со Ковид-19.

Отворањето на границите предизвика емотивни сцени на аеродромот во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија.

На 20 март 2020 година, огромниот континент воведе едно од најтешките затворања на границите во светот за да се заштити од пандемијата. Десетици илјади Австралијци кои живеат во странство не можеа да се вратат во татковината по речиси 19 месеци.

Летовите беа ретки, а патниците на кои им беше дозволено да влезат во Австралија мораа да поминат низ скап 14-дневен карантин во хотел.

Двата најголеми града во земјата, Сиднеј и Мелбурн, одлучија да ги укинат таквите мерки, а целосно вакцинираните Австралијци сега можат да патуваат без карантин.

– Ова е голем ден за Австралија, нагласи премиерот Скот Морисон на Фејсбук.