дома Автомобилизам АВТОМОБИЛ ОД ИДНИНАТА: За додавање гac и за сопирање ќе се користи...

АВТОМОБИЛ ОД ИДНИНАТА: За додавање гac и за сопирање ќе се користи само воланот

Honda на престојниот Саем за електронија CES 2020, ќе претстави интересен концепт на автомобилот со кој сака целосно да го смени начинот на кој ги возиме возилата. Имено, се што е потребно ќе биде во сместено во интерактивен управувач. Како тоа точно ќе изгледа, сè уште не е познато, но од Honda објавија фотографија и видео од самото возило, како и некои информации за воланот и самиот кабриолет, кој е направен за некои идни времиња во кои на патиштата ќе возат и автономни возила.

Кога возачот ќе седне на предното седиште, автомобилот ќе се стартува токму со помош на воланот, а со него ќе ја контролира и брзината, односно ќе додава гac со тоа што ќе го притисне управувачот нанапред, а ќе сопира со повлекување на управувачот наназад. Овој вид на возење звучи интересно, иако е јасно дека ќе треба долго време да се навикнеме на семоќниот управувач.

Со таков волан, возачите едноставно ќе можат да го сменат режимот на возење од автономен режим во полу-автономен и мануелен режим, односно кога сакаат да уживаат во возењето, ќе можат лесно да ја преземат контролата на возењето во свои рaцe. Непотребно е да се каже, дека ова не е концепт што не е дизајниран за тековните услови на патиштата, а од Honda велат дека со овој Augmented Driving Concept се обидуваат да го решат пpeблeмoт со транзицијата од класични возила управувани од луѓе во автономни автомобили во кои со управувањето ќе раководат компјутери.