Автомобил удрил во полициски службеници додека вршеле увид во сообраќајка – има повpeдени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски службеници се здобиле со телесни повреди, бидејќи додека вршеле увид во сообраќајна незгода во нивното службено возило удрил друг автомобил. Со повреди се здобил и возачот на автомобилот.

Како што информира СВР-Скопје, двете сообраќајни несреќи се случиле една по друга на обиколницата во Скопје во правец од село Арачиново кон село Сарај.

„Додека полициските службеници вршеле увид на сообраќајна незгода, се случила уште една сообраќајка во која Р.А.(32) од село Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило ‘сеат леон’, со кумановски регистарски ознаки, удрил во товарно возило ‘ман’, со полуприколка ‘шмидс’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(55) од Скопје, по што удрил во возило ‘бмв’, со германски национални ознаки, кое било учесник во претходната сообраќајна незгода и во службено патничко возило на МВР“,
информираат од полицијата.

Со телесни повреди се здобиле полициските службеници и возачот Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Бил извршен увид на местото на несреќите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This