March 28, 2024, 12:05 pm

Автopите на учебникот по гeoгpaфија cи гo бpaнат дeлoто: Peaкциите ce нapaчaни, нaпишaното се потпиpa нa фakти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aвторите на учебникот по географија на албански јазик за втора година средно образование си го бранат сопственото дело и не се согласуваат со одлуката на власта учебникот да биде повлечен, по реакциите дека има содржини навредливи за албанската заедница.

Професорот Благоја Маркоски од Институтот за географија, во име на сите автори, за Канал 5 тврди дека учебникот Националната географија за втора година реформирано гимназиско образование е изработен според програма подготвена и одобрена од Бирото за развој на образованието на Македонија уште во 2001 година, со целосно спроведена постапка за изборна учебник.

– Реакциите сметаме дека се нарачани, бидејќи, конкретниот учебник е во употреба од 2002 година. Во меѓувреме во конкретното министерство имаше неколку министри од незаменливите коалициони партнери, па немало проблем. Зарем за овие 19 години никој не ја прочита содржината на конкретниот учебник, па сега се најде некој да исполнува желби? – вели професорот Маркоски.

Тој појаснува дека сè што е во учебникот се потпира на научни вистини и факти.

– Принципот на каузална поврзаност со другите наставни предмети во случајов со историјата и непосредните одредби во програмата за појаснување на миграциите на одделни групации на граѓани низ историските случувања и настани на овие територии, а сето тоа со цел да се појаснат типовите на миграции кои се главен предмет на проучување. Според тоа, авторите професионално стојат зад содржините на учебникот, бидејќи истите се темелат на научно потврдени докази – изјави за Канал 5, професорот Маркоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This