Авcтpaлија во кapaнтин дoдека не се вaкциниpа 70% од нacелениeто – мacoвните прoтeсти прoдoлжувaат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралија ќе се придржува до стратегијата за карантин против коронавирусот сѐ додека најмалку 70 проценти од населението не биде целосно вакцинирано, но и потоа ќе мора да почне да живее со вирусот, рече денеска премиерот Скот Морисон.

Земјата вчера постави рекорд со 914 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на новозаразени, додека јужните и источните држави Нов Јужен Велс, Викторија и главниот град Канбера останаа под строг карантин, пренесуваат британските медиуми.

– Не можете да живеете во карантин засекогаш, мора да го промените тоа во одреден момент, и тоа се случува кога 70% од населението е вакцинирано, рече Морисон во телевизиско интервју.

Заклучувањето е клучен елемент во стратегијата на федералната влада за спречување на пандемијата на коронавирус, сѐ додека не се достигне нивото на вакцинација од 70%, а границите постепено ќе се отвораат кога бројот на вакцинирани ќе се зголеми на 80%.

– Заклучувањето не е одржлив начин за решавање на проблемот со вирусот и затоа мора да достигнеме 70 и 80 проценти од вакцинираните, за да можеме да почнеме да живееме со вирусот, додаде премиерот Морисон.

Во Австралија, која има 25 милиони жители, околу 60% од населението во моментов се наоѓа во карантин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This