дома Македонија АГАТАНГЕЛ СО ПОВИК ДО ВЕРНИЦИТЕ: Верните чеда масовно да дојдат во црквите

АГАТАНГЕЛ СО ПОВИК ДО ВЕРНИЦИТЕ: Верните чеда масовно да дојдат во црквите

Повардарската Епархија на МПЦ-ОА ги повика верниците од црквите во велешко, кавадаречко, неготинско и гевгелиско, масовно да ги посетат храмовите за Задушница.

„Се повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите петок и сабота, во периодот од 08-14 часот, да дојдат во храмовите , дворовите на храмовите и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели. Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа“, напишаа на соопштението на Повардарска епархија, каде митрополит е владиката Агатангел.