АГЕНТИ НА ЦИА СИ ПОДНЕСУВААТ ОСТАВКИ: По лажниот извештај и измислените афери за Трамп, агенти на ЦИА бегаат од разузнавачката агенција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Моралот во американската разузнавачка агенција ЦИА опаѓа поради расправиите кои ги имаат различните разузнавачки служби со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, а повеќе агенти веќе ги потпишале нивните оставки, пренесе вчеравечер Ројтерс

CIA

Според зборовите на висок претставник на една разузнавачка агенција, расте бројот на агенти постари од 50 години со најмалку 20 години искуство, како и со најмалку пет години искуство во странство, кои веќе ја потпишале својата оставка, само го немаат наведено датумот.

„Тука владее голема анксиозност поради очигледното омаловажување на Трамп врз нашата работа и опасноста со која се соочуваме“, рекол еден од агентите од разузнавачките служби. Како што и актуелните и екс функционери во американската влада, вообичаено е ЦИА да трпи напади од различни луѓе, но не и од претседателот на САД. „Мислам дека тоа е рецепт за катастрофа“, рекол Даниел Бенџамин кој бил во одделението за борба против тероризмот во Белата Куќа и Стејт Департментот во време на владеењето на деморкатите.

Трамп, денес ги обвини политичките противници – и републиканци и демкрати, дека сите заедно составиле непроверени тврдења кои го поврзуваат со Русија и рекол дека тој документ најверојатно е измислен и составен од страна на разузнавачките агенции, пренесува Ројтерс.

Тој на својот Твитер профил напишал дека податоците се составени од „лигави“ политички оперативци од редовите на демократите и републиканците, како и пропаднати шпиони, а дека Русија демантирала постоење на таков документ.
„Нив најверојатно ги составиле разузнавачките агенции, иако знаат дека немаат докази и дека никогаш нема да имаат“, напишал Трамп на Твитер и додал дека неговиот тим во рок од 90 дена ќе објави нов извештај во врска со хакирањето.
Шефот на националната разузнавачка агенција Џејмс Клепер во средата изјави дека материјалот кој за Трамп го објавиле медиумите, не се протечени од разузнавачките агенции, но додаваат и дека сеуште немаат откриено од каде потекнуваат информациите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This