дома Спорт АГЕНТОТ НА ЕРИКСЕН Е ВО МИЛАНО: Преговара со Интер околу условите за...

АГЕНТОТ НА ЕРИКСЕН Е ВО МИЛАНО: Преговара со Интер околу условите за неговиот клиент

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, најверојатно, ќе ја продолжи кариера во италијанскиот шампионат. Според извор близок до aгeнтoт на данскиот фудбалер, тој веќе е во Милано за да преговара со Интер околу условите за неговиот клиент.

Не е прецизирано дали станува збор за разговори за транфер оваа зима, или на крајот на сезоната кога Данецот ќе биде слободен играч. Претходно беше објавено дека Ериксен дефинитивно нема да остане во Премиер лигата и размислува за опциите за продолжување на кариерата во некоја од останатите cилни европски лиги.