дома Македонија АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА НЕМА НИШТО ПРОТИВ ПРОИЗВОДСТВО НА ГМО ВО МАКЕДОНИЈА: Немало...

АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА НЕМА НИШТО ПРОТИВ ПРОИЗВОДСТВО НА ГМО ВО МАКЕДОНИЈА: Немало ниту еден доказ дека ГМО била штетна за здравјето на луѓето

Според директорот на АХВ, Зоран Атанасов храната што содржи ГМО не е штетна, бидејќи во светот се уште нема доказ дека таквата храна е штетна по здравјето на луѓето.

На прашањето на водителката на 1ТВ, дали смета производите ГМО и храната модифицарана од ГМО е штетна по здравјето на луѓето Атанасов одговори дека во светот се уште нема доказ дека таквата храна е штетна по здравјето на луѓето.

Oва изјава доаѓа последователно од сознанијата на медиумите дека во Македонија ќе почне да се произведува генетски модифицирана храна, на што Атанасов не одговори негативно.