дома Занимливости Адам Лабунски се пофали колку е билзок со судиите од „Ѕвездите на...

Адам Лабунски се пофали колку е билзок со судиите од „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Македонија и годинава има неколку претставници во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а според правилата на оваа сезона, учесниците кои се претставија во добро светло имаа можност да изберат за ментор еден од судиите.

Па така, пејачот Адам Лабунски за своја менторка по пеење ја има големата српска музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ, што секако е привилегија за него со која според она што го објавува на социјалните мрежи, особено се гордее.

Адам деновиве се подготвува за вториот круг, а освен музичката едукација, Марија како и Снежана Ѓуришиќ покажаа дека знаат покрај обврските да се дружат и по кафеани со учесниците.

Токму Лабунски кој деновиве е во Белград се дружеше со нив во кафеана, а моментите од убавата вечер ги објави на својот Инстаграм.


Засега добро му оди и на сцена и со приватна дружба, а дали ќе успее да дотурка барем блиску до успехот на Ристе Ристески, останува да видиме.

фото:insatgram/adamlabunski
Извор:вистина.мк