дома Македонија АДВОКАТИТЕ НА ГРУЕВСКИ СЕ ПОВЛЕКОА ДО ПОСТАПКИТЕ: Екс-премиерот доби адвокат по службена...

АДВОКАТИТЕ НА ГРУЕВСКИ СЕ ПОВЛЕКОА ДО ПОСТАПКИТЕ: Екс-премиерот доби адвокат по службена должност

Екс премиерот Никола Груевски отсега ќе го брани адвокат по службена должност, бидејќи денеска тројцата негови адвокати кои го застапуваат во предметот „Насилството во Центар“ ги откажаа своите полномошна.

Екипата тројца адвокати кои досега го бранеа Груевски, Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски, повеќе нема да го затапуваат, поради што веднаш доби нов адвокат по службена должност, Петар Димовски. Адвокатите велат дека ваквата одлука е за доброто на Груевски.

-Законот за кривична постапка предвидува можност обвинетиот да бара повторување на постапката во рок од една година од дознавање на постоење на правосилна пресуда против него. Доколку ние не ги откажеме полномошната и останеме како негови бранители во постапката, а тоа значи дека како бранители имаме комуникација со него, ќе се јави сомневање дека ние сме го известиле и дека од тие причини ќе започне да му тече рокот од една година за повторување на постапката, изјави за „Телма“ адвокатот Боро Тасевски.