дома Македонија АДВОКАТОТ ДАУТИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧЕН: Стапот има два краја!

АДВОКАТОТ ДАУТИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧЕН: Стапот има два краја!

All-focus

Адвокатот Мерџан Даути со допис му се обрати на Претседателот на Основен кривичен суд.

All-focus

Во текстот, Даути пишува:

Начинот на комуникација и однесување кој го практицирате како Основен кривичен суд со тоа што при секое барање на адвокатите, кои се согласно позитивните законски прописи, Вие експресно се обраќате до Адвокатската комора, да ни ги одземате лиценците е обид за наше замолкување. Ова е притисок врз нас. Вие имате сила и затоа не казнувате, иницирате дициплински постапки, но со оваа прилика сакам да ве потсетам дека стапот има два краја.

Апелирам до Вас и сите меѓународни иституции, за Ваше добро и за доброто на државата, да се почитува владењето на правото и почитување на законите, што е услов нашата земја побрзо да влезе во НАТО и ЕУ, затоа прифатете ја оставката на судија – поротник Лилјана Ивановска Кочовска, па и кривичниот предмет нека продолжи без влијание на Претседателот на судот, а судењето нека се води со судечкиот совет.

Не се плашете Претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, и не го разбирам Вашето инсистирање спротивно на сите позитивни закони, предметот познат за јавноста како „ТНТ“ да заврши пред изборите или во најкусен можен рок, те. во текот на овој месец. Со непочитување на законските одредби и недозволување на употреба на албанскиот јазик се праваат суштествени повреди на ЗКП, што значи повисоките судови, те. Апелационен или Врховен суд, овие факти нема да ги премолчат и предметот наместо да започне да се суди од ново во јануари, ќе почне да се суди јуни или јули 2020 година, кога ќе биде вратен од повисоките судови.

Затоа, Ве повикувам, на јавноста, колегите адвокати и на локална и меѓународната заедница, да и одговорите на прашања:

1.Дали на 28.01.2020 година, доколку согласно подготвениот план, Судскиот Совет констатира оставки, одново ќе почне судењето ТАЛИР 1, МОНСТРУМ, ТЕНДЕРИ, ТОПЛИК и сите други предмети каде оваа поротничка е член да судечиот совет?
2.Дали на последното рочиште кое се одржа во јануари 2020 година, во случајот за сообраќајната несреќа, едната од судија – поротник, поради истек на мандат повеќе не е член на судечкиот совет и зашто и за неа не инсистирате да продолжи да работи се до одлука на судски совет, нешто се прави со Лилјана Ивановска Кочовска?
3.Вистина ли е дека Основниот кривичен суд нема друг судија – поротник?

Дозволете како претседател на Судот, да завладее правото, а ако сметате дека „ТНТ“ е национален интерес, те. мора Фиат Цановски да се обештетува до парламентарните избори, започнете го рочиштето од ново согласно закон, закажувајте рочиште секој ден до 12.04.2020 година, и така ќе ја постигнете целта, но притоа ќе имаме судска постапка соглано закон – пишува Даути на Претседателот на Кривичниот суд.