дома Македонија АДВОКАТОТ НА ИГОР ЈУГ: Срамота е маж од 120 кила, патриот, да...

АДВОКАТОТ НА ИГОР ЈУГ: Срамота е маж од 120 кила, патриот, да не направи ништо да го заштити Уставот и честа на државата

Адвокатот на обвинетиот уставобранител за настаните од 27 април Игор Југ, Сашо Јанев објасни дека кога го прашал неговиот клиент што правел таа вечер во Собранието, Игор Југ му одговорил дека е срамота да гледа како баби и дедовци влегуваат во Собранието да ги бранат честа и Уставот на Република Македонија.

„Срамота е маж од 120 кила, кој себеси се смета за патриот, да не прави ништо и да гледа како баби и дедовци влегуваат за да ги одбранат Уставот и честа на државата“, рече адвокатот на Игор Југ. „Не би можел да се погледнам во огледало ако не им се приклучев на уставобранителите“, му рекол обвинетиот на адвокатот. Според тврдењето на адвокатот, Југ влегол во Собранието да спречи пуч, да го спречи неуставниот избор на претседател на Собранието и пеењето химна на туѓа држава, како и да го одбрани Уставот на РМ.