АДВОКАТОТ ПОТВРДИЛ: Анџелина Џоли ги поднела документите за развод од Бред Пит

Поврзано

- Advertisement -
Анџелина Џоли поднела барање за развод од Бред Пит по голема кавга околу децата, дознава порталот TMZ. Овие вести ги потврдил и адвокатот на актерката, пренесува BBC.
- Advertisement -

 

Адвокатот Роберт Офер рекол дека актерката во понеделникот побарала развод, додавајќи дека одлуката е донесена поради „здравјето на нејзиното семејство“.


„Таа нема да го коментира тоа и моли нејзиното семејство да ја задржи приватноста во овој момент“, рекол Офер во изјавата.

Славната актерка ги поднела документите за развод во суд во понеделникот, а како причина за разводот ги навела непремостливите разлики. Таа бара целосно старателство врз нивните шест деца, со дозвола Бред да ги посетува.


Извори блиски на парот велат дека Анџелина ја донела оваа одлука бидејќи не и` се допаѓал начинот на кој Пит ги воспитувал нивните деца. Наводно и` пречело што тој конзумира алкохол и марихуана, а се верува дека славниот актер има и проблем со контролата на бесот. Актерката смета дека поради сето тоа тој претставува опасност за децата.
Исто така, како една од причините за нивниот развод се шпекулира дека е аферата на Бред со актерката Марион Котијар.


Анџелина не барала никаква алиментација од Бред Пит.

Славниот пар се венча во 2014 година, а тие двајца беа во врска од 2004 година откако се запознаа на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This