дома Социјални Мрежи Адвокатот Јанаки Митровски остро реагира на преименувањето на улиците

Адвокатот Јанаки Митровски остро реагира на преименувањето на улиците

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД ЈАНАКИ МИТРОВСКИ

Почитувани членови на Совет на Град Скопје.

Верувам дека сте свесни дека овие денови е актуелна темата за предлозите за преименување на повеќе улици во Градот кои очекувано предизвикуваат интерес кај нас, граѓаните кои живееме во Градот Скопје. Како граѓанин кој живее во Скопје, но и како етнички Влав, ме вознемири веста дека еден од предлозите за добивање на улица е Али Паша Јанински.

Очигледно дека не сте доволно запознаени со историјата и културата на Власите во Македонија па од тие причини би сакал да верувам дека се работи за ненамерен превид. Името на Али Паша Јанински е засекогаш врежано во колективната меморија на Власите од Македонија, но и од Албанија како име кое симболизира терор, грабеж и колеж. Токму Али Паша Јанински е Отоманскиот големец кој во 1788 година го ограби и запали Москополе, културен и тргоивски Центар на Власите, колејки го или протерувајки го автохтоното Влашко население.

Москополе како центар на Власите бил трговски центар и културна престолнина. Во средина на 18 век бил единствено место на Балканот кое имало печатница, вон Цариград. Неговата убавина и богатство го привлекле Али Паша кој заедно со своите банди го опустошил. Оној дел од Власите кои не биле заклани или поробени, пребегале преку планините и се населиле на територијата на денешно Крушево, чии основачи се токму Власите од Москополе.

Токму затоа името на Али Паша Јанински кај Власите создава чуство на гадење и немир, па оваа предлог одлука ме вознемири мене како и верувам сите Власи кои што живеат во Република Македонија. Верувам дека сте запознаени со историскиот допринос на Власите во градење на оваа држава, за што впрочем своевремено се произнел и еден од најголемите Македонци на сите времиња, Крсте Петков Мисирков.

Од тие причини, сакајки да верувам дека се работи за превид, Ве молам од свое име, но и од име на целиот Влашки народ да оваа грешка се корегира, и да не се дозволи во Градот Скопје да има улица која ќе носи име на џелатот на Власите!!!