дома Македонија Адеми контpa Филипче, бара учениците да се вратат во клупите

Адеми контpa Филипче, бара учениците да се вратат во клупите

Моделите што веќе ги подготви Министерството за образование ќе бидат разгледани уште еднаш на состанок на Комисијата за заразни болести, изјави министерот Арбер Адеми кој, како што објави ТВ Алсат М смета дека новата учебна година треба да почне со физичко присуство, во зависност од епидемиолошката состојба во земјава. Во изјава за телевизијата Адеми истакна дека станува збор за тешки одлуки и дека со Комисијата за заразни болести МОН е во постојан контакт во последниве денови, најавувајќи одлука во текот на денов.

Немаше и нема амбиција со онлајн-учење да се замени традиционалниот начин на спроведување на образовниот процес, бидејќи такво нешто е недостижно, рече Адеми за Алсат М.

Министерот Венко Филипче вчера изјави дека став на Комисијата за заразни болести е учебната 2020/2021 да почне онлајн, освен за учениците од првите одделенија затоа што е неизвесно со што ќе се соочиме наесен со заразата од КОВИД-19 и дека, како што рече, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија.