дома Македонија АДМИНИСТРАЦИЈАТА НЕ Е ПОШТЕДЕНА: Вработен во Водовод заразен со КОВИД-19, четворица негови...

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НЕ Е ПОШТЕДЕНА: Вработен во Водовод заразен со КОВИД-19, четворица негови колеги во самоизолација

Еден заболен со ковид 19 има во „ЈП Водовод и каналзицаија“, а четворица се во самоизолација, оваа инфорамција за „Република“ ја потврдил и директорот на претпријатието.

Лицето кое е заразено со ковид-19, Албанец, чувар во нашето претпријатие е од Сарај, бил на ифтарска вечера, па претпоставуваме дека и така се заразил. Тој на работното место постојано носи заштитна опрема, но по консултација со епидемиолози во самоизолација се ставени уште четворица вработени од нашето претпријатие кои биле во контакт со него, изјави Весковски.

Директорот истакна дека чуварот, за среќа, не бил во контакт со многу луѓе и дека неговото работно место е надвор од зградата. Потенцира дека досега претпријатието ги следи сите препораки за заштита.

ЈП Водовод и канализација врши четири пати дневно дезинфекција во просториите на претпријатието и ги следи сите препораки за заштита на врабоетните, изјави за „Република“ директорот Душко Весковски