дома Локално АЕРОДРОМЦИ СЕ НАЛУТИЈА: Урнати тарабите кои оградуваа плац на кој треба да...

АЕРОДРОМЦИ СЕ НАЛУТИЈА: Урнати тарабите кои оградуваа плац на кој треба да се гради зграда врз детско игралиште

Револтирани граѓани ги урнаа тарабите за новата зграда која треба да се гради на локацијата на постоечки детски парк и игралиште кај Тобако 2, на аголот улиците Руди Чајавец и Фрањо Клуз. Граѓаните си го кажаа своето, се очекува реакцијата на општината.

Жителите на Аеродром се гневни на Златко Марин затоа што очекуваа од него да ги исполни пред изборните ветувања, да не се уништуваат јавни површини, за на нивно место да се градат згради.