дома Социјални Мрежи АЕРОДРОМ И ВЕЧЕРВА ОПАСЕН ПО ЖИВОТ: Воздухот во Аеродром отровен, Марин уво...

АЕРОДРОМ И ВЕЧЕРВА ОПАСЕН ПО ЖИВОТ: Воздухот во Аеродром отровен, Марин уво не го боли!

По којзнае кој пат годинава, општина Аеродром повторно е најзагадена општина во Македонија, а граѓаните се трујат и покрај бомбастичните ветувања кои од говорницата пред ТЦ Бисер минатата година ги даваше Зоран Заев и Златко Марин

 

Вечерва, воздухот во Аеродром е тоскичен и опасен по здравјето на луѓето со 326 милиграми ПМ10 честички на метар кубен.

Жителите на општината се пожалија преку социјалните мрежи, но кај Марин нема доволно слух за реалните проблеми на граѓаните поради преголемата зафатеност со партиските задачи.

„Да ти честитаме градоначалниче. Повторно први по не знам кој пат зимово. Стварно си бил од збор. Дојде #живот во #Аеродром“ – пишуваат на социјалнтие мрежи аеродромци.