дома Македонија АЕРОДРОМ И КАРПОШ СО ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА: Отворени промотивни штандови за кампањата...

АЕРОДРОМ И КАРПОШ СО ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА: Отворени промотивни штандови за кампањата на професорката!

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од оваа партија денеска беа на отворање на промотивни штандови за кампањата на професорката Гордана Силјановска Давкова во скопските општини Карпош и Аеродром.

Во Општина Аеродром промотивни материјали на граѓаните им делеа членот на Извршниот Комитет, Игор Николов и пратениците Драган Данев и Крсто Јовановски, додека пак членовите на Извршниот Комитет Димитар Димовски и Трајко Славевски присуствуваа на отворањето на штандот во општина Карпош.

Поддршката за професорката Силјановска Давкова во овие две општини е огромна. При разговорите со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните го изразија нeзaдоволството од нeпрaвдите и сите пoнижyвања кои ги нанесе оваа влаcт, и токму затоа се одлучни дека промените морa да се случат и да дојде правдата во Република Македонија.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја искористија можноста уште еднаш да повикаат на масовност на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај за пoбеда на професорката Силјановска Давкова, за веднаш потоа да може да се распишат предвремени парламентарни избори за конечно да може да се стави кpај на заевизмот во Македонија.