дома Социјални Мрежи АЗДИСАНОСТА НА ВЛАСТА ДИРЕКТНО УДИРА ПО БУЏЕТОТ: Милион евра месечно чинат ...

АЗДИСАНОСТА НА ВЛАСТА ДИРЕКТНО УДИРА ПО БУЏЕТОТ: Милион евра месечно чинат 4400 партиски вработувања на СДСМ

Еден милион евра ги чини месечно граѓаните 4400 партиски вработувања на СДСМ. Аздисаноста на власта директно удира по буџетот. Партискиот поткуп на гласачи го плаќаат граѓаните на Република Македонија, пишува дополнителната министерка за администрација и информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски на Фејсбук.

 

 

 

 

-Тоа се 12 милиони евра годишно, кои наместо за нови патишта, пруги и канализации ќе одат за плаќање на партиската администрациja. Тоа е хипокризијата на СДСМ. Велеа дека администрација е превработена, се бунеа и ширеа манипулации, за сега да вршат партизација невидена до сега. Злоупотребата на државни ресурси мора да запре. Секое вработување ќе биде испитано. Одговорност и честитост, дадава Стаменковска Стојковски.