дома Свет Азербејџанската apмија ја врати koнтрола над регионот во Карабах

Азербејџанската apмија ја врати koнтрола над регионот во Карабах

Азербејџанската армија влезе во регионот Келбајар во Карабах, кој беше оставен од ерменската армија, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

„Во согласност со трипартитната декларација потпишана од претседателите на Азербејџан, Русија и премиерот на Ерменија, единиците на азербејџанската армија влегоа во регионот Келбајар на 25 ноември“, се вели во соопштението.

Со цел да се обезбеди движење на единиците во таа насока, инжињерите извршија деминирање и обезбедување на планински патишта за движење на армијата.

Регионот Келбајар е административно дел од Азербејџан. Според пописот во 1989 година, во него живееле 99 проценти од азербејџанското население. Во април 1993 година, за време на војната, стана под контрола на самопрогласената република Нагорно Карабах.