April 18, 2024, 12:53 pm

Азербејџан предаде уште 10 ерменски воени заробеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Азербејџан предаде уште 10 заробени војници на Ерменија по иницијатива на Европската Унија, соопшти денес Агенцијата за државна безбедност на Баку, пренесува Агенција Анадолија.

Во соопштението, Агенцијата наведува дека војниците биле приведени при обид за провокација во пограничниот регион Калбаџар на 16 ноември.

Осврнувајќи се на трилатералениот состанок во Брисел во вторникот, инициран од претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, на кој учествуваше азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, во соопштението понатаму се вели дека на приведените им бил предаден „манифест зa посветеностa [на Азербејџан] кон принципите на хуманизмот“ и „со посредство на Европската Унија“.

Баку и Ереван беа во 44-дневен конфликт за Карабах, регион кој се наоѓа во рамките на Азербејџан, но беше под окупација на Ерменија, минатата година, кој заврши со прекин на огнот постигнат со посредство на Русија на 10 ноември 2020 година.

За време на судирите, Азербејџан ослободи неколку градови и 300 населби и села кои беа окупирани од Ерменија речиси три децении. Примирјето се слави како триумф во Азербејџан.

Лидерите на трите земји потоа се согласија да ги развиваат економските односи и инфраструктурата во корист на целиот кавкаски регион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This