дома Македонија Азири: Неизбежно е формирањето широка влада која ќе трае до предвремените избори

Азири: Неизбежно е формирањето широка влада која ќе трае до предвремените избори

Потпретседателот на опозициската Алијанса за Албанците, Елми Азири вели дека формирањето широка влада е неизбежно.

Тој во емисијата „Ентер“ на телевизија Шења појасни дека широката влада ќе трае подолго, односно се до организирањето на предвремените парламентарни избори.

Азири, кој инаку од Алијансата е предложен да биде и потпретседател на Собранието, вели дека пред Македонија во моментов се исправени сериозни предизвици кои ги засегаат сите граѓани, а за кои власта нема слух и подготвеност да ги вклучи и да соработува со сите засегнати страни.

– Ние како преодна фаза предложивме да одиме во проширена влада, па после тоа да се оди и на предвремени избори. Овие се многу сериозни предизвици и не се само партиски. Ова се државни предизвици. Одлуките за овие предизвици влијаат на мене и на вас и на секој граѓанин без оглед на политичката припадност. Сметам дека обединувањето околу проширената влада уште повеќе кога сегашната влада за кое било прашање не изрази подготвеност ниту за соработка, ниту за слушање, ниту пак да се седне и да се разговара за третманот на прашањата. Сметам дека проширената влада е неизбежна. Широката влада ќе трае подолго, односно до организирањето на предвремени парламентарни избори, изјави Азири во „Ентер“.