дома Македонија АКО БИЛЕ ДОБРИ АМАНДМАНИТЕ, ЌЕ ГЛАСАЛА: Одметнатата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ најавува дека...

АКО БИЛЕ ДОБРИ АМАНДМАНИТЕ, ЌЕ ГЛАСАЛА: Одметнатата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе гласа за промена на уставното име, ако амандманите биле „добри“

Мојот глас за финалната фаза за уставните промени ќе зависи од дефинирењето на самите уставните амандмани, рече екс-претеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова, која со уште седуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, беа клучниот дел при обезбедувањето 2/3 поддршка за потребата од уставни измени.

„Дали ќе гласам зависи од севкупниот процес, како ќе се дефинираат уставните амандмани после јавната расправа која што следува по 1 декември, што е многу важно поради тоа што ја вклучува и експертската јавност, граѓанскиот сектор, којшто има свое мислење во однос на овие процеси, но секако дека и помирувањето е важен дел и мислам дека сите институции треба да бидат внимателни да не наштетат на тој дел од овој процес”, вели екс-пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во оваа фаза таа е поблиску да гласа – „за”, отколку „против” или „воздржано”.