дома Политика Ако владин функционер рече дека податоците на Транспаренси се само перцепција, треба...

Ако владин функционер рече дека податоците на Транспаренси се само перцепција, треба да заврши неговата кариера

Hашата држава треба да почне од почеток да го гради системот. И мислам на градење на луѓе. Ќе ни треба многу време, но не треба да потрошиме 4 години, а за овие 4 години ништо не е сменето, рече Сафет Бишевац на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ говорејќи за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев и за случајот Мијалков.

Според него има премногу заложби и акциски планови, потребни се активности.

„Нас такви планови и акциски планови за ваква или онаква борба не ни е проблем, проблем е што се останува на акциски план. Големи беа заложбите за Антикорупциска и сега се заглави во предмети, многу подобро ќе беше да се фати за неколку предмети за претставници на естаблишментот и да сработи. Несомнено е и политичкото влијание врз некои случаи. Има пресуда против претседателката на антокорупциска за непочитување на законски рокови сега следува тужба и за Комсијата. Не мислам дека денес објавениот план ќе го смени клучниот впечаток, а тоа е дека Македонија тоне во корупција тоа го покажуваат и рангирањата како на пример на Транспаренси“, вели Бишевац.

Според него, ако владин функционер рече тоа е само перцепција треба да заврши неговата кариера.

„Не може за вакво рангирање на Транспаренси да се каже дека е само перцепција и тоа да го каже. Власта и премиерот се најодговорни за направеното и ненаправеното“, додава Бишевац.