дома Политика АКО ВОЈСКАТА НЕМА ЛЕБ, ДАДЕТЕ И БАДЕМИ: Шеќеринска против модернизацијата на АРМ...

АКО ВОЈСКАТА НЕМА ЛЕБ, ДАДЕТЕ И БАДЕМИ: Шеќеринска против модернизацијата на АРМ и евтини станови за војската, ама ќе го засилува либидото со бадеми!

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска како пратеник на опозицијата гласаше против модернизација на АРМ и поефтинување на цената на станови за припадниците на АРМ, а денес како министерка нарачува лешници и бадеми во износ од 5.000 евра кои ќе бидат платени од Министерството за одбрана.

Предлог законот за дополнување на Законот за одбрана кој минатата година го предложија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предвидуваше Министерството за одбрана да биде ослободено од плаќање царински давачки и даноци за оружје и воена опрема за модернизација на Армијата на Република Македонија.

Покрај ова беше предвидено и ослободување од ДДВ за прометот на станови и станбени згради со примена на повластена даночна стапка на промет во висина од 5%, за намалување на трошоците на припадниците на АРМ за решавање на станбеното прашање во рамки на проектот „АРМ мој дом“.

Тогашниот Министер за одбрана Зоран Јолевски нагласуваше дека се усвои законот со планот за модернизација Република Македонија во наредните години ќе ги исполни стандардите поставени од НАТО, 2% од БДП да бидат за одбраната, а 20% од нив за модернизација.

Опозицијата не ги поддржа овие законски измени, а Радмила Шекеринска беше еден од пратениците кои беа против модернизацијата на АРМ и поефтините станови за војниците.

„За овој закон е потребно двотретинско мнозинство што значи за да помине е потребна широка поддршка во Собранието. Целта на измените е да се ослободи армијата од плаќање ДДВ и царини од 1 до 11 отсто за да може Армијата во следните 10 години да набави ново современо оруже и опрема. Самиот факт дека СДСМ не сака да даде поддршка со тие средства кои во моментов може да ги издвоиме државата да набави нова опрема и оружје, а да потроши помалку средства и да добие поголема количина оружје е скандал. СДСМ денеска ќе гласа против набавка на оружје и модернизација на АРМ“, рече тогаш Илија Димовски.

„Ваквиот став на СДСМ, за жал, ја отежнува, одложува и усложнува набавката на опрема и оружје за АРМ и тоа не е добро за Македонија“, додаде пратеникот Влатко Ѓорчев.

Денес нејзини приоритети повторно не се ниту помодерната армија ниту подобрување на стандардот на припадниците на АРМ, туку набавката на лешници и бадеми за 5.000 евра.