Тие се вистински пријатели кои секогаш се радуваат на туѓиот успех. Ако во своето окружување имате личност родена во знакот на Близнак, Стрелец или Лав, вие сте вистински среќник, а тие се најголема поддршка во вашиот живот.
Близнаци
Тие се најголемата поддршка која можете да ја имате. Да се биде во друштво со нив значи смеа и забава и тоа постојано. Близнаците се многу весели личности кои секогаш ќе се потрудат да ви го разубават денот и да ви помогнат кога ви е тешко. Ако имате проблем, секогаш можете да им се обратите.
Стрелец
Стрелците имаат огромно срце и тоа го покажуваат. По природа се многу оптимистини и среќни личности и таквата енергија обожаваат да ја пренесуваат и на другите. Многу се горди на своите блиски и никогаш не дозволуваат нивните успеси да поминат незабележано.
Лав
Лавовите се среќни и возбудени кога можат да помогнат некому. Многу се харизматични и енергични поради тоа и ги освојуваат луѓето од прва. Секогаш имаат подготвени зборови за поддршка за вас и знаат што да направат кога не се чувствувате најдобро. Вистински ги ценат и ги поддржуваат другите.