дома Политика Ако СДСМ зaпoчнyвa co pacчиcтyвaњe нa kpиминaлoт и кopyпциjaтa нeкa зaпoчнат пpвo...

Ако СДСМ зaпoчнyвa co pacчиcтyвaњe нa kpиминaлoт и кopyпциjaтa нeкa зaпoчнат пpвo од шeфoт Зоран Заев

СДСМ е дувлото на криминалот и корупцијата. Крајно иронично е да излезе Николовски и Заев да говорат дека ќе се справат со криминалот и корупцијата, а тие ја спроведуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ откако е на власт криминалот и корупцијата се навлезени во секоја пора во општеството.

СДСМ сега помпезно најавува борба со криминал, а ништо не направи на тоа поле. Напротив криминалот и корупцијата со СДСМ на власт цветаат.

Љупчо Николовски не може да води тело, министерство за борба со корупција бидејќи и тој е замешан во криминални афери.

Љупчо Николовски прво да расчисти со непотизмот во сопствените редови па потоа помпезно нека најавува борба со криминал.

Ако Николовски и СДСМ започнуваат со расчистување на криминалот и корупцијата нека започнат прво од себе и шефот Зоран Заев“ се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.