дома Актуелно АКО СЕ ПОВТОРИ, ЌЕ ГО ЗАПАЛИМЕ ЃОРЧЕ: Жителите на Ѓорче Петров гневни,...

АКО СЕ ПОВТОРИ, ЌЕ ГО ЗАПАЛИМЕ ЃОРЧЕ: Жителите на Ѓорче Петров гневни, го предупредија градоначалникот да превземе мерки!

Жителите на Ѓорче Петров се гневни на полицијата, затоа што не си ја извршуваат добро работата откако десетгодишно дете вечерва настрада во сообраќајна незгода на улицата Борис Сарафов, уште протестираат голем број на жители кај училиштето „Мирче Ацев“ .

„Ако уште еднаш падне жртва овде, ќе го запалиме цело Ѓорче“, изјавуваат револтираните жители пред новинарските екипи излезени на терен.

Ваква е атмосферата пред основното училиште „Мирче Ацев“ , откако 10-годишно момче вечерва беше прегазено во сообраќајна несреќа.

Жителите кои се собраа на улицата „Борис Сарафов“ трврдат дека на оваа улица секојдневно има трки со мотори и автомобили, а полицијата не презема ништо. Протестот продолжува.