дома Македонија АКО СКЕНИРАТЕ ФИСКАЛНИ ВО ОПАСНОСТ СТЕ: Фискалните се канцерогени, Комората на сметководители...

АКО СКЕНИРАТЕ ФИСКАЛНИ ВО ОПАСНОСТ СТЕ: Фискалните се канцерогени, Комората на сметководители бара да се забранат!

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или БПА присутна во термичката хартија на која се печатат фискалните сметки, броевите за ред на шалтерите во бројни институции, како и на фискалните ролни во големопродажба.

Забраната ќе почне да се применува од јули годинава и во соседна Србија, соопшти Сојузот на стопански комори пренесе „Плусинфо“.

Оваа штетна хемикалија Бисфенол А е утврдена како предизвикувач на сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетис, неплодност, рак на дојка и простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставува и голем ризик за здравјето на децата.

Претседателот на Комората на сметководители Македонија, Драган Митковски апелира надлежните институции, итно да ја стават на дневен ред забраната за употреба на Бисфенол А во термичката хартија, на која најмногу се изложени лица кои се во контакт со фискални сметки преку целиот работен ден, како сметководителите, потрошувачите како и голем број лица кои работат во трговијата особено во малопродажба.