Ако сте вакцинирани во странство, од таму да си барате потврди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за здравство Венко Филипче денес изјави дека македонските граѓани што се вакцинирале во некоја од соседните земји, ќе треба да извадат потврда дека се вакцинирани таму, бидејќи, како што рече, во документот мора да се внесе серијата на вакцината со која се вакцинирани.

Македонците вакцинирани на меѓуграничнот премин со Бугарија кај Делчево потврда за примена вакцина и код за патување во кој ќе бидат внесени вакцините треба да бараат од бугарските здравствен власти. Од минатата недела на граничниот премин за вакцина доаѓаат Македонци за кои не е задолжително да имаат ПЦР-тест, не им се бара бугарски пасош, можат да закажат термин, но се вакцинираат и оние кои само дошле на пунктот, а можат и да избираат меѓу вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, која ја нема кај нас.

Во однос на ставот на здравствените власти за тоа дали лица кои прележале треба да се вакцинираат, Филипче рече дека се следат препораките на СЗО, на производителите на вакцините и на други држави кои ги менуваат правилата, но кај нас препораката е дека е пожелна вакцинација еден месец по прележување на болеста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This