дома Занимливости Актерот клекна пред својата девојка: Тамара мислела дека ќе ја запроси, но...

Актерот клекна пред својата девојка: Тамара мислела дека ќе ја запроси, но се случи нешто кое нема брзо да му го прости

Актерот Ед Вествик ова лето се одмора со својата девојка Тамара Франческони на езерото Комо во Италија, а фотографите ги фатиле кога се обидел да се пошегува со својата избраничка, меѓутоа не му успеало.

Имено, 33-годишниот актер клекнал пред својата девојка, но наместо прстен, од уста извадил лижавче и ѝ го покажал на Тамара.


Според фотографиите, неа шегата воопшто не ѝ се допаднала и имала сериозен израз на лицето, а во еден момент ја завртела главата и изгледа како да не сака да зборува со него.

Да потсетиме, Ед минатата година јавно ја потврди врската со Тамара.