дома Македонија АКТИВИСТИТЕ ОД ,,ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ РАЗОЧАРАНИ ОД ЗАЕВ И СДСМ, СО ПОРАКА: Нели...

АКТИВИСТИТЕ ОД ,,ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ РАЗОЧАРАНИ ОД ЗАЕВ И СДСМ, СО ПОРАКА: Нели СДСМ ќе донесеше промени?

До кога бе вакви работи?! Нели СДСМ ќе донесеше промени? Овие ли се промените, наместо Мурто – Курто? Две работи имам да ѝ порачам на новата влада, пишува на својот ФБ профил Здравко Савески, член на Левица и активист во т.н. „Шарена револуција“.

1) Пратеникот Курто Дудиш под итно да си поднесе оставка. Ако не си поднесе после овој скандал, мора да биде разрешен од коалицијата што го кандидирала. Ако тоа не го направи, ќе се смета дека ваквите акти се со нејзина дозвола.

2) Еден од приоритетите на новата влада мора да биде решавање на проблемот со сиромаштијата, особено кај ромското население. Доста веќе се уценуваат за најосновни егзистенцијални проблеми! Доста се сметаат за граѓани од трет ред! Ако не се направи ништо во врска со ова, ќе се смета дека и оваа влада како и претходните намерно ја перпетуира сиромаштијата кај Ромите за да си обезбеди гласови преку давање на услуги кои по закон им следуваат!