дома Македонија АКТИВИСТОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА, ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ: Не верувам дека тие осум пратеници...

АКТИВИСТОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА, ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ: Не верувам дека тие осум пратеници од опозицијата гласаа по сопствена волја, од авион се гледа дека станува збор за некоја уцена

Колумнистот и активист на Шарената револуција, Зоран Јовановски, во гостување во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, го коментираше гласањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за отворање на уставните измени.

-Од авион се гледа дека станува збор за некоја уцена. Не верувам дека тие осум пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласаа по сопствена волја, изјави Јовановски.

Тој вели со оглед на бекграундот на пратениците, дека е отворена опцијата тие да гласале под одредена присила.

Тој како активисти на Шарената револуција вели дека се чувствува изневерен поради битката која ја водел како дел од неа, бидејќи не гледа промени во начинот на работа.

Според Јовановски СДСМ била неконструктивна опозиција 10 години, која го иритирала народот, која место со идеја се обидела да го освои народот со критика.

-Со таа неконструктивност и со најголемиот проблем, кадровската мизерија која што ја имаа во нивните редови, не можеа да му се допаднат на народот, изјави Јовановски.

Тој потенцира дека СДСМ дошол на власт на сметка на Шарената револуција, дека луѓе кои сега се на власт, претходно биле луѓе чиј врв во кариерата била партиската функција.