дома Хроника АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ТЕТОВСКО: Уапсени 39 земјоделски и градежни работници, нелегално...

АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ТЕТОВСКО: Уапсени 39 земјоделски и градежни работници, нелегално работеле во Македонија!

Денеска во периодот од 05:00 до 06:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на тетовското подрачје.

Притоа на две локации во Тетово и во сeло Џепчиште биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници. Лицата биле приведени во полициска станица по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.