дома Хроника АКЦИЈА НА СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА: 50-тина моторџии во Гостивар и Тетово санкционирани

АКЦИЈА НА СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА: 50-тина моторџии во Гостивар и Тетово санкционирани

Педесет мотоциклисти од полошкиот регион санкционирани во последната акција на од полицијата. Од нив 20 биле од тетовско, а 30 на гостиварското подрачје.

Според видот на прекршокот најчест прекршок бил некористење заштитна кацига, потоа управување без возачка дозвола и истечена регистрација. Покрај ова, двајца моторциклисти имале истечена осигурителна полиса.

-Констатираните прекршоци заокружени се со 49 прекршочни платни налози, шестмина моторциклисти се исклучени од сообраќај, на еден времено му е одземена возачката дозвола, а 18 ќе бидат повикани на сообраќајна поука. Напоредно со овие, откриени се и 26 други видови прекршоци кои, исто така, соодветно се законски санкционирани, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јосифоски најавува, вакви или слични превентивно-контролни активности и во наредните месеци. Тој потсетува дека минатиот месец на поширокото полошко подрачје се случија неколку сообраќајни несреќи со мошне сериозни последици, во кои непосредни учесници беа моторциклисти.