Алармантни бројки: По едно сaмoубиcтво на деца и млади на секој 11 минути

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројките се повеќе од алармантни, вели Зеинаб Хијази, коавторка на студија за младите и суицидот.

Според студијата на УНИЦЕФ, секое седмо дете и адолесцент на возраст од 10 до 19 години во светот живее со дијагностицирано ментално нарушување. Тоа вклучува проблеми во однесувањето, вознемиреност и депресија, од кои некои се толку сериозни што погодените креваат раце на себе. Тоа значи дека еден млад човек се самоубива на секои единаесет минути, вели експертот за ментално здравје на УНИЦЕФ, Зеинаб Хијази:

– Речиси 46.000 млади луѓе си го одземаат животот секоја година. Самоубиството е една од петте најчести причини за смрт кај групата од 15 до 19 години. Младите луѓе повеќе умираат само од сообраќајни несреќи, туберкулоза или насилство.

Во истражувањето спроведено во 21 земја, секој петти млад маж или девојка на возраст од 15 до 24 години, велат тие, честопати се чувствува депресивно. Во Германија, ова го изјавил секој четврти испитаник. Последиците од пандемијата на коронавирус очигледно се врвот на ледениот брег што постоел порано, предупредува извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриет Форе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This