дома Социјални Мрежи АЛАЃОЗОВСКИ И МОТОРНИТЕ ПИЛИ: Како апетитот за власт го замени за апетит...

АЛАЃОЗОВСКИ И МОТОРНИТЕ ПИЛИ: Како апетитот за власт го замени за апетит за големо количество на храна на државна сметка!

Моќта и парите ги менуваат луѓето, тоа е стара народна мудрост зачувана со векови која досега во голем број наврати се докажала како вистина.

За жал министерот за (не) Култура како што многумина го нарекуваат, Роберт Алаѓозовски не е исклучок, тој од пријателски расположен растафаријанец за многу кратко време се претвори во помпезен вработен во јавна администрација. Неговото министерување го следеа низа на скандали од кои само последен во низата беше скандалот со потрошените 9 илјади евра народни пари од кои голем брои се потрошени за задоволување на неговиот апетит.

Но уште постара поговорка вели дека човекот не може да стане нешто што и претходно го немал како своја карактеристика, а парите и моќта можат само да ги донесат до израз најлошите карактеристики на човекот. Алаѓозовски повторно не е исклучок, тој апетитот за власт едноставно само го замени со апетит за скапа храна по скопските и светските ресторани.

Колку за потсетување погледнете што се тој пишуваше на својот Твитер профил пред само неколку години:
-Бидејќи ми се мешате во книгите, еве јас да ве предизвикам: кои 10 политичари и нивните упикувачи со задоволство би ги исекле со моторна пила?
-Народот пие нафта зашто го научија дека така ќе може да се напие и вино кога нема ни за вода.

Алаѓозовски во тие моменти гладен за власт не бираше зборови кои ќе ги употреби за навреда на своите политички неистомисленици со цел доаѓање на позиција, а сега не бира ресторан ја вади државната картичка и нарачува.