АЛБАНИЈА ГИ ЗATBAPA ГPAHИЦИТЕ КОН МАКЕДОНИЈА: Зaбpaнa за излeз и влез во Албанија од Македонска страна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанија ги затвара границите кон и од Македонија, соопштуваат вечерва од Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија откако за оваа одлука на Албанската полиција биле известени во текот на денешниот ден

Според соопштението на МВР, ќе бидат затворени сите приоди кон и од Албанија во Македонија, а оние странски државјани кои ќе ја поминат границата нема да им биде дозволен пристап до неколку градови.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од пограничните служби на Р.Албанија сме известени дека почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020 до 24.00 часот ќе биде ограничен влез излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење, ГП Св Наум и ГП Блато. Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Дурс, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона. Исто така, известени сме дека ќе биде дозволен излез на државјани на Р.Албанија кон РСМ во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини.Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This