дома Балкан Албанија и Косово отвараат заеднички амбасади во Африка и Азија

Албанија и Косово отвараат заеднички амбасади во Африка и Азија

Министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, по средбата со министерот за надворешни работи на Приштина, Доник Гервал, изјави дека Албанија и Косово наскоро ќе имаат заеднички дипломатски мисии во Африка и Азија, пренесува приштински Репортери.
Xачка тврди дека ваквата одлука произлегува од договорот што го постигнаа премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, на состанокот одржан на 27 септември, пренесува Косово онлајн.
„Ќе го зголемиме нивото на заеднички дипломатски активности во Африка и Азија, и затоа индивидуалните амбасади ќе се спојат за да можат нашите дипломати да соработуваат поблиску“, рече Џачка.