дома Балкан АЛБАНИЈА ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕШЕ: Регистриран силен земјотрес, се почувствува и во Дебар

АЛБАНИЈА ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕШЕ: Регистриран силен земјотрес, се почувствува и во Дебар

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 21 часот и 15 минути е почувствуван во западна Македонија, особено во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Република Албанија, во близина на Драч, на 170 километри југозападно од Скопје, со Рихтеровата локална магнитуда од пет степени