Албанскиот амбасадор во Приштина, Џемал Минџози изјавил дека Албанците во Албанија се загрижени поради последните случувања на Косово, и дека нема да гледаат отстрана доколку постои закана по безбедноста на Косово
На прашањето како Албанија би реагирала доколку Косово влезе во евентуален судир со Србија, Минџози рекол: – Ние сме Албанци и ќе реагираме како Албанци. Не постои Албанија или Косово, постојат само Албанци, ние сме една нација и имаме обврска кон нашите сонародници, рекол Минџози, пренесува телевизија Косова.
Тој рекол дека Албанија никогаш не била само набљудувачк на политичките случувања на Косово.
Легитимно право е на браќата и сестрите од Албанија да бидат загрижени поради последните случувања со потезите на Србија. Албанија секогаш имала конструктивна позиција и фокусирани сме на подобрување на одосите на помеѓу Косово и Србија, рекол амбасадорот.
Српските медиуми ова го пренесуваат како закана на Албанија до Србија, повикувајќи да се засили присуството на безбедносните сили кај админстративната линија со Косово.