АЛБАНИЈА ЈА БРАНЕЛА МАКЕДОНИЈА ОД РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Шефот на албанската дипломатија со потсмев зборуваше за Македонија во Вашингтон!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, кој претстојува во Вашингтон, тврди дека Албанија е држава со најразвиена демократија на Западен Балкан и „бедем“ против руското влијание во Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ и Хрватска
busati

Бушати, сепак избегна да одговори на прашањето на Карен Донфилд од Маршаловиот фонд да ја објасни изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за „обединување на Албанија и Косово“ во случај Тирана да не биде примена во ЕУ.

На директно прашање дали обединување помеѓу Косово и Албанија значи почеток на формирање на „Гоелма Албанија“, Бушати изјавил: „Албанија има одлично стратешко партнерство со Косово. Јас не можам ништо повеќе од тоа да кажам“.

Шефот на албанската дипломатија негира дека постои „тиранска платформа“ на Албанците во Македонија, како и дека Тирана не се меша во внатрешните работи на земјата.

Бушати тврди дека е погрешно во Македонија да ја нарекуваат „тиранска“, наместо да се негира треба да се прифати како „пријателски совет“ кој им помогнал на Албанците во Македонија во припрамање на таа платформа.

„Не е точно дека постои тиранска платформа. Постои платформа за разговор на албанските политички челници со Груевски и Заев. Постоеше договор и со Груевски, кој тој го одби од причини кои немаат врска со Албанија, Тирана или премиерот Рама“ рекол Бушати.

Тој тврди дека Албанија никогаш не се мешала во внатрешните работи на Македонија, како што и Заев тврди дека Тирана немала врска со коалицијата помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Наспроти тоа, релевантните извори говорат дека ВМРО-ДПМНЕ во целост ја отфрлиле платформата уште и пред почеток на било какви преговори околу истата.

„Ние сме многу внимателни во советувањето и тоа го правиме на пријателски начин, на пример да не се реагира на улични провокации, бидејќи Македонците исто така се наши пријатели“, рекол Бушати, заборавајќи дека токму тој ги нарече Македонците, Славомакедонци употребувајќи го речникот на Грчката политика.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This