Албанија ќe нaбaви yштe 1,1 милиoн дoзи вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанија ќе набави уште 1,1 милиони дози анти-ковид вакцини за да го имунизира целото население. За таа цел владата издвои од резервите на буџетот износ од милијарда лека или 8,2 милиони евра.

Здравствените власти ја дефинираа националната стратегија за вакцинирање, според која целта е целото население во Албанија да биде вакцинирано до пролет следната година. Според оваа стратегија, за да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.

Податоците на Министерството за здравство и социјална заштита покажуваат дека досега Албанија има потпишано договори за обезбедување на 2,9 милиони дози вакцини, од кои 1,2 милиони дози од договорот со Ковакс и 1,6 милиони дози од договорите со компаниите „Фајзер“, „Коронавак“ и „Спутник“ и околу 237.00 дози вакцини од донации.

Како што претходно информираше ресорната министерка Огерта Манастирлиу до сега ванкцинирани се 930.126 граѓани, од нив 389.436 веќе ги примиле двете дози од вакцината.

Во однос на епидемиолошката состојба денешните податоци потврдуваат дека регистрани се само три нови случаи на заразени со опасниот вирус, починато е едно лице, активни на болеста се 71 а болнички се лекува само еден пациент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This