дома Македонија АЛБАНСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ СО ПРЕПОРАКА ДО АХМЕТИ: Влада со Груевски за стабилна држава...

АЛБАНСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ СО ПРЕПОРАКА ДО АХМЕТИ: Влада со Груевски за стабилна држава препорачува Џемаил Ахмети!

-Али Ахмети е под најголемиот притисок во неговиот живот. Не од странци, туку од ограноците на неговите градоначалници кои имаат толку многу влијание од турски организации, кои по секоја цена сакаат Влада со СДСМ. Не им попуштај на ердоганистите и направи коалиција со Груевски затоа сто тоа го бараат принципите, порачува меѓу другото во својот текст албанскиот аналитичар Џемаил Ахмети.

Џемаил Ахмети го охрабри лидерот на ДУИ Али Ахмети за да го прифати договорот со мандатарот за новата влада во Македонија, Никола Груевски. Според него, Ахмети е под голем притисок од страна на градоначалниците од оваа партија, но и од турските организации кои по секоја цена сакаат да го видат ДУИ во коалиција со СДСМ.

-Али Ахмети се соочува со најголемиот притисок во неговиот живот. Не од други, туку од неговите градоначалници кои толку “кркале“ од турските организации што по секоја цена сакаат коалиција со СДСМ. Ако и’ се предадете на оваа корумпирана сорта ќе ја направите најголемата штета во историја. Не ги слушај 24 каратните (Бејта) затоа што се до гуша во г…. кај турските агенции кои не се загрижени за Албанците туку за „светска власт„ а Гостивар не им го даваме и да дојде крај на светот, пишува Џемаил Ахмети.