дома Македонија АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПРЕНЕСУВААТ КОМИНИКЕ НА УЧК: Извесен командант Нацист се заканува со...

АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПРЕНЕСУВААТ КОМИНИКЕ НА УЧК: Извесен командант Нацист се заканува со тероризам!

Обраќањето на врховниот командант кој денес од „Рамна Кула“ по повод Денот на резервниот состав порача дека Македонија има модерна, силна и спремна армија која е спремна и по цена на живот да го брани суверенитетот и интегритетот на земјата, ги исплаши заостанатите структури од терористичката УЧК

Извесен командант Нацист, денес до албанските медиуми испратил коминике во кое се заканува дека тој и уште 80 борци на УЧК биле подобри и поспремни од АРМ, а тоа наскоро ќе го видел и претседателот.


„Јас би го нарекол “претседател” Иванов и неговата армија дека сме подобро подготвени од нив и наскоро ќе се соочи со нив. Ние сме група од 80 војници и се позиционирани на Шар, а наскоро ќе се ослободи териториите на етничките албанци и ќе ја прогласат Република Илирида.“ – стои во коминикето потпишано од извесен командант Нацист.

Пред речиси две години, со слични коминикеа излегуваа повеќе т.н. борци на УЧК, заканувајќи се со нарушување на безбедноста на државата. Обидот тоа да го направат заврши трагично за нив, а преживеаните денес сведочат дека сакале во Диво Насеље да одржат прес конференција.