дома Актуелно АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД КАМПАЊАТА ВО ТЕАРЦЕ: Македонските партии сами нека...

АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД КАМПАЊАТА ВО ТЕАРЦЕ: Македонските партии сами нека си решат, ние нема да даваме поддршка на ниту една!

Сите албански партии кои учествуваа на изборите нема да водат кампања за поддршка на пратеничките листи ниту на СДСМ ниту на ВМРО-ДПМНЕ иако меѓу овие две партии има единствена можност за измена на конечниот резултат и распределбата на мандати.

За ДУИ е важно изборите да бидат слободни и демократски, како и граѓаните да имаат можност слободно да ја изразат нивната волја, но тие нема да се мешаат во нивниот избор.

„Во текот на кампањата секоја партија ја претстави својата политичка платформа и сега граѓаните имаат можност да се определат, велат од ДУИ.“

БЕСА која е дел од албанската опозиција исто така вели дека нема да фаворизира ниеден македонски субјект.

„Согласно изборниот резултат Движењето Беса не е дел од овој процес, гласачите како гласачи, секој има право да одлучува така како што смета дека е најдобро да одлучи“, рече Биљал Касами, претседател на Движењето Беса.

Алијансата за Албанците води речиси идентична политика по ова прашање.

„Нема да поддржиме ниедна партија. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сами нека ги решат проблемите“, посочија тие.

На СДСМ му требаат 304 гласа плус во однос на ВМРО-ДПМНЕ за да може да направи промена во изборниот резултат и да освои уште еден мандат со што би се изедначиле на 50 наспроти 50.