дома Македонија АЛБАНЦИТЕ БИЛЕ МНОЗИНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Албанската пропаганда во Македонија тврди дека преку...

АЛБАНЦИТЕ БИЛЕ МНОЗИНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Албанската пропаганда во Македонија тврди дека преку 47% од населението во земјата се Албанци

Во Македонија живеело мнозинско албанско население, а ако се додаделе и некои 100.000 албански православни верници тогаш бројот на Албанско население во Македонија би било над еден милион жители. Со ваква пропаганда започнаа да се служат албанските медиуми во земјава

Ваквите небулозни испади и неточни информации на албанските медиуми се во насока на креирање на лажна перцепција на албанското население, кое би требало да гради чувство дека Македонија е албанска држава, наспроти Македонска. Ваквото однесување доаѓа благодарение на односот на Зоран Заев кон Македонското мнозинско население кое го става во трет ред.

Албанскиот портал „Кумановапрес“ пренесува небулозен текст за тоа дека во Македонија живееле преку 47% Албанци, и дека тие биле мнозинскиот народ, повикувајќи се на одреден интелектуалец кој дал изјава на телевизија, притоа бегајќи од попис на населението во земјава.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Конечно се открива голема вистина, Албанците во Македонија не само што не се втори по бројот на жители, но се број еден, 47% од населението се Албанци, речиси апсолутно мнозинство! Од сега па натаму, секој треба да каже дека Албанците се мнозинство во Македонија, дека според новите податоци излегува дека оние кои се сметаат себеси за Славо- Македонци не се ниту 40%. Иако податоците за малцинствата не се точни, тие се помалку од 15% од вкупното население.
Информациите со особена важност доаѓаат од публицистот и интелектуалецот од Македонија, Нијази Мухамеди, кој оваа публикација ја изјави јавно на телевизиски медиум што се однесува на извори на меѓународни институции.
“Според информациите добиени минатата недела од страна на меѓународната институција, Албанците во Македонија се 47 % од вкупното население во Македонија …”, вели Нијази Мухамеди.
Но, тој или изворот на информацијата не се изјаснија дали во ова бројка се пресметани и над 100 илјади албанци православни. Значи, тука сме повеќе од еден милион Албанци, ова е веќе јасно (kumanovapress)[/kopa_block_quote]