дома Балкан Албанците во Србија само со лична карта

Албанците во Србија само со лична карта

Владата на Србија денеска донесе одлука со која на државјаните на Албанија им се овозможува влез во земјата само со важечка биометриска лична карта.

Одлуката е резултат на потпишаниот меѓудржавен договор меѓу Србија и Албанија со цел да се олчесни протокот на луѓе, на стока и на капитал и да се даде дополнителна можност за развивање на добрососедските односи на Западен Балкан, соопшти Канцеларијата за соработка со медиумите.

Со примена на ваквата одлука, како што е наведено, се создаваат дополнителни предуслови за натамошен развој на стопанската, на економската, на научната, на просветната, на спортската и на културната соработка меѓу двете земји.